| четврток, 6 декември 2018 |

Ордановски препорачува наместо субвенции на Македонците да им се купат уреди за преведување

Сашо Ордановски, кој важи за доста близок до СДСМ, препорачува на граѓаните на Македонија да им се купат апаратчиња за преведување и на тој начин да ја решат двојазичноста која преку новиот неуставен закон ја турка владеачката коалиција.

Тој и препорачува на Владата на СДСМ да ја игнорира дебатата која смета дека е патетична и проблемот да го реши со набавка на уреди за симултано преведување за граѓаните на Македонија.

Ордановски наместо во својата колумна да објасни зошто овој закон се носи и покрај критиките на експертите дека е неуставен, тој дури оди до таму и препорачува кои модели треба да се набават со цел секој бирократ или како што вели тој, секоја последна шуша во администрацијата во Берово и Прилеп да може да комуницира на албански.

– Еве, на пример, пробајте го моделот “ili” на компанијата Логбар, којшто е замислен да се носи околу врат и изгледа како елегантен, малку поголем, приврзок… Или моделот „Мегафон“ на Панасоник, кој е во употреба и развој уште од 2015 година… Или моделите на компанијата SpeechTrans, кои се замислени да се носат како рачни часовници, брошеви или нараквици, вели Ордановски

– Значи, секоја последна „шуша“ од државен бирократ(ка) во Берово или во Прилеп, кога ќе му дојде злобната армија Албанци за да го провоцираат со барање, според закон, да им зборува на „шиптарски“ – оти, како што е познато, Албанците се доволно будали да седнат во автобуси од Дебар и од Кичево и, бидејќи немаат друга попаметна работа, да отидат јазично да ги провоцираат Македонците во Берово и Прилеп! – ќе го вклучи ова апаратче на микрофон и – комуникацијата, со симултан превод на албански или на македонски, може веднаш да започне!, заклучува Oрдановски.

Тој смета дека државата треба да ги троши парите за вакви инвестиции наместо да дава пари на земјоделците или како што вели, тутуноберачи, воло-терачи и “серачи“.

– Зошто нашите влади не носат одлуки за давање на државни субвенции, на домашни и странски компании, за вакви идеи, туку даваат стотици милиони евра само за тутуноберачи, воло-терачи и други „серачи“?, додава Ордановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top