Билјана Беличанец-Алексиќ и Жанета Чаушевска се единствените жени што успеаја да дојдат до градоначалничка фотелја по првиот круг на локалните избори 2013 година. Беличанец-Алексиќ во скопската општина Кисела Вода освои 63,38 проценти од гласовите или 20.214 гласа од 33.693 гласачи кои го оствариле правото на глас. Актерката беше кандидирана од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Жанета Чаушевска, која издвојуваа победа во Градско, е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Освои 51,98 процент од гласовите или 1.221 глас од 2. 404 гласачи што излегле на избори.
Теута Арифи е третата дама што може да добие градоначалничка фотелја. Кандидатката на ДУИ во Тетово не успеја да победи по првиот круг, но за функцијата ќе се натпреварува во втор круг. Освои 18.429 гласа или 39,98 проценти од гласовите, односно околу седум проценти повеќе од кандидатот на ДПА, Сади Беџети, со кого ќе се натпреварува во вториот круг од локалните избори, кој ќе се одржи на 7 април. Анастасија Oлумчева ќе се бори во Богданци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


