Рафа Бенитез се прости од Серија А лигата и од тимот на Наполи со пораз од 2-4 во дербито против Лацио. Ова беше натпревар кој одлучуваше кој тим ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона. Наполи не ја искористи шансата иако беше на чекор од тоа, бидејќи Гонзало Игуаин при резултат 2-2 промаши пенал.
Како што е познато Бенитез веќе во среда ќе биде промовиран во нов тререн на Реал Мадрид.
Лацио преку погодоците на Пароло и Кандрева во првото полувреме имаше водство од 0-2. Но, „наполитанците“ се разиграа во вториот дел и со головите на Игуаин во 55. и во 64. минута успеа да израмни. Игуаин имаше можност и да донесе предност, но во 76. минута не реализираше удар од белата точка.
За промашувањето на Игуаин следеше казна, па Лацио со головите на Онази во 85. минута и на Клосе во 92. минута дојде до победата од 2-4.
2-4 Miroslav Klose Goal- Napoli vs Lazio 31.05… by zidanekrisz
Во последното коло од Серија А лигата беа постигнати следниве резултати:
Каљари – Удинезе 4-3, Рома – Палермо 1-2, Фиорентина – Киево 3-0, Интер – Емполи 4-3, Наполи – Лацио 2-4, Сампдорија – Парма 2-2, Сасуоло – Џенова 3-1, Торино – Чезена 5-0, Аталанта – Милан 1-3, Верона – Јувентус 2-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)