| четврток, 6 декември 2018 |

Антикорупциски протест во Гватемала

гвате

Илјадници луѓе протестираа на централниот плоштад во Гватемала против корупцијата. Демонстрантите бараат оставка од претседателот на Гватемала, Ото Перес.

– Не го сакаме Ото Перес на власт. Тие украдоа многу пари и затоа дојдов на протестот, важно е политичарите да знаат дека не сме задоволни – изјави еден од демонстрантите.

Антиокорупциските протести се засилија во последните недели, по серијата апсења на офуицијални лица за корупција, што доведе и до смена на министрите за внатрешни работи, за енергетика и за животна средина, како и на шефот на разузнавањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top