| четврток, 6 декември 2018 |

Обама потпиша декларација за помош на Тексас

Dallas, Texas Flooding
Бројот на смртните случаи од поплавите и бурите во американските држави Тексас и Оклахома во изминатата недела достигна 28. Во Тексас животот го загубија 24 луѓе додека во Оклахома четири. Дванаесет луѓе во Тексас се водат како исчезнати.

Во околината на Хјустон евакуирани се околу 1000 лица кои живееле во близина на надојдените реки, а над две илјади лица останале без кров над глава.

Поројните дождови продолжија и вчера поради што продолжува и евакуацијата на локални жители во неколку места во државата.

– Општините во Тексас доживеаја уништувања, материјална штета и што е најтрагично – губење човечки животи поради тешките временски услови, изјави гувернерот на Тексас Грег Абот.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа потпиша претседателска декларација за помош на Тексас поради невремето. Белата куќа соопшти дека со декларацијата се отвораат федерални фондови за помош на населението и фирмите како и и за властите во Тексас. Таа американска држава придонесува годишно во федералниот буџет со 1,4 милијарди долари и е најголем снабдувач со енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top