Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров денеска со почеток до 15.15 часот во Келн го игра првото полуфинале од фајналфор турнирот во ракометната Лига на шампиони.
Неговиот тим Барселона го игра полуфиналето против Кјелце и важи за благ фаворит во првиот натпревар. Ова е шанса за Лазаров да дојде до трофејот кој му недостасува во неговата богата разница. Тој двапати има играно во финалето на Лигата на шампионите, но двапати не успеа да го добие најсјајното одличје.
Македонија е во самиот врв на ракометна Европа, бидејќи покрај Кире, второто полуфинале меѓу Кил и Веспрем ќе Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Дуелот меѓу Барса и Кјелце ќе биде дуел и на двајца шпански тренер, Чави Пасвкал и Талант Дујшебаев. Пасвкал има една титула од 2011 година, додека Дујшебаев е поуспешен со три, 2006, 2008 и 2009 со екипата на Суидад Реал.
Двајцата тренери веќе еднаш се стретнаа во финалето на завршниот турнир во 2011 година кога Пасквал беше поуспешен освојувајќи ја титулата.
Пред две години овие два тима играа истотака во полуфиналето кога Барселона славеше со 28-23.
– Работите се сменија. Киелце сега е веќе докажан клуб со меѓународно искуство. Тие припаѓаат во врвот на Европа – изјави Чави Паквал во пресрет на полуфиналниот дуел.
Иако фаворитската улога е на страната на каталонскиот гигант, тренерот на Полјаците, Дујшебаев е оптимист.
– Очекувам изедначен турнир. Сите четири екипи имаат речиси исти шанси да победат на крај. Можеби Барселона и Кил се малку подобри од другите – истакна Талант Душебаев.
За разлика од Барселона која никогаш не била во подобра форма, за Кјелце дополнителен проблем пред завршницата на ЛШ се повредите на тројца клучни играчи, Агинагалде, Зорман и Росински.
„Се надевам дека сите тројца ќе бидат подготвени да настапат во Келн“ – вели Душебаев.
Најголемата опасност за Киелце од Барселона доаѓа од силната бековска линија со Лазаров, Карабатиќ и Рутенка. Во оваа тројка Рутенка е рекордер со пет европски титули. Карабатиќ типува на третата европоска титула со трет клуб од трета различна земја, а Лазаров брка двојна круна – прва шампионска и трета голгетерска титула во ЛШ. Тој досега има постигнато 99 гола, два помалку од Илиќ од Веспрем и четири од Хансен од ПСЖ кој нема да настапи на завршниот тирнир во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.