Општина Центар ги демантира наводите изнесени во текстот “Кутии со документи се изнесуваат од Општина Центар” објавен на А1он, стои во демантот од општина Центар.
-Демантираме дека било какви документи се изнесени од просториите на Општина Центар и најостро ги осудуваме овие груби шпекулации и тврдења. Станува збор за целосна измислица и како таква препоставуваме дека е во функција на одредена политичка партија која има за цел дискредитација на работата на општинската администрација. Државната администрација од Општина Центар не е партизирана и работата на службите во општината се одвива професионално, стручно и непречено во функција на жителите на општината, стои во демантот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


