| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар демантира дека се изнесени било какви документи од просториите

Општина Центар ги демантира  наводите изнесени во текстот “Кутии со документи се изнесуваат од Општина Центар” објавен на А1он, стои во демантот од општина Центар.

-Демантираме дека било какви документи се изнесени од просториите на Општина Центар и  најостро ги осудуваме овие груби  шпекулации и тврдења. Станува збор за целосна измислица и како таква препоставуваме дека е во функција на одредена политичка партија која има за цел дискредитација на работата на општинската администрација. Државната администрација од Општина Центар не е партизирана и работата на службите во општината се одвива професионално, стручно и непречено  во функција на жителите на  општината, стои во демантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top