Роџер Федерер експресно се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос со победа во три сета против 23-годишниот тенисер од БиХ, Дамир Џумхур. Со 6-4, 6-3, 6-2 популарниот Федекс го елиминира ривалот, кој за првпат играше во третото коло на Ролан Гарос.
Љубителите на тенисот во Македонија го паметат Џумхур од Дејвис куп мечот меѓу нашата земја и БиХ пред 5 години, кога талентираниот тенисер беше дел од гостинската селекција што не победи во Велес со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.