Судот во Лос Анџелес вчера го отфрли обвинението на Вејд Робсон дека познатиот пејач Мајкл Џексон сексуално го злоупотребувал.
Со образложение дека предолго чекал да покрене обвинение, Судот вчера ја отфрли тужбата на кореографот Робсон, дека пејачот го злоупотребувал кога тој бил дете.
Имено Робсон, под заклетва во 2005 година на Суд сведочеше дека Џексон никогаш не го злоупотребувал, но изјавата ја промени во 2013 година, кога изјави дека во периодот меѓу 1990 и 1997 година сепак повеќе пати бил сексуално злоупотребуван од покојниот пејач.
Вејд е роден во 1982 година и во времето кога наводно Џексон го злоупотребувал имал меѓу седум и осум години. Тој подоцна бил танчер во трупите на Џексон, а потоа настапуваше и со Бритни Спирс.
Правните застапници на покојниот пејач ги отфрлија сите обвинувања на Вејд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.