Ако мислевте дека бабите и дедовците не можат да бидат “кул”, сте се излажале. Тоа одлучија да го докажат и пензионерите кои редовно прават графити по улиците на Лисабон.
На некои луѓе ни староста ни болестите не им се пречка во желбата да останат млади во духот.
Жив доказ за тоа е групата пензионери од Лисабон на кои радо би им се придружиле и нивните внуци во походите низ градот.
Тие одат низ градот и прават графити по ѕидовите, трудејќи се тие да изгледаат најубаво што можат. Овој пионерски потфат е дел од работилницата за постари граѓани.
“LATA65″ е урбана работилница која постарите граѓани ги учи на основите на уличната уметност и се спроведува во неколку квартови низ Лисабон. Во работилниците учествуваат повеќе од 100 граѓани.
Тие сами изработуваат свои шаблони и потписи кои ги ставаат под своите дела, кои од ден во ден се се повеќе. Во соработка со луѓето кои имаат многу искуство во создавањето на графити, оваа пензионерска “банда” внесува живот во запуштените и напуштени делови од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)