| четврток, 6 декември 2018 |

Бојко Борисов: Македонија има народ кој е близок до Бугарија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска се сретна со лидерот на македонската опозиција Зоран Заев. Во своето обраќање Борисов меѓу другото истакна дека Македонија има народ што е најблизок до Бугарија со што имплицира дека е резличен од бугарскиот. На својот „Фејсбук“ профил Борисов напиша:

-Денес на средбата со лидерот на опозициската СДСМ во Македонија, Зоран Заев ја истакнав позицијата на земјата и нашите настојувања по демократски пат да биде решена политичката криза и дека категорично сме против секаков вид на федерализација на Македонија. Се надеваме дека властите и опозицијата ќе најдат заеднички јазик каков што бара Европа. Не се мешаме во внатрешните работи на земјата, но загрижени сме што има политичка криза на нашата граница и тоа со народ кој ни е близок. Се сретнавме и со претставници на бугарската опозиција, за да покажеме дека Бугарија не се дели на леви и десни кога станува збор за такви проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top