Шпанскиот тренер во редовите на Наполи, Рафаел Бенитез и официјално објави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Наполи.
Во последното коло „наполитанците“ го играат дерби дуелот со Лацио и со евентуален триумф ќе успеат да стигнат до третата позиција, која значи и пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.
– Заминувам од Наполи по завршувањето на сезоната. Но, в недела не очекува голем дуел со Лацио и максимално сум фокусиран на тој натпревар. Од понеделник ќе размислувам за следните потези. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот, фудбалерите и на навивачите за одличниот период што го имав во Наполи – изјави Рафа Бенитез, кој е најсериозен кандидат за преземање на клупата на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.