| четврток, 6 декември 2018 |

Проституцијата ја чини Франција 1,6 милијарда евра годишно

париз

Цената што ја плаќа Франција поради насилството на кое се изложени проститутките, според процените на компанијата „Псител“, изнесува 1,6 милјарда евра годишно, додека истовремено проституцијата остварува приход од 3,2 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.

Студијата на „Псител“ е објавена од страна на асоцијацијата „Мувмен ди ни“ („Движење на гнездото“), која се бори за укинување на системот на проституција. Во студијата се опфатени економската и општествената цена на проституцијата, како човечката цена, социјалните и општествените последици поврзани со проституцијата.

Лани Европската комисија предлагаше земјите-членки на Унијата во своите БДП да ги вклучат и приходите од проституцијата, што францускиот Институт за статистички и економски студии го одби, оценувајќи дека проституцијата е поврзана со „пружање на услуги слободно и на добра волја“, отколку експлоатација на лица што се во критична состојба.

Студијата покажува дека во Франција 37.000 лица се проституираат, човековата цена на проституцијата е проценета на 252 до 370 милиони евра годишно. Во оваа цена се подразбира физичкото насилство, како и зголемената смртност на лицата што се проституираат. Паралелно, вкупните социјални трошоци што ги одделува државата за лицата што се проституираат се проценети на 50 до 65 милиони евра.

Истовремено, проституцијата остварува приходи од 3,2 милијарди евра во Франција, пари добиени од клиентите, но добар дел од нив ја избегнува класичната економија и сите овие суми не се впуштаат во нормален тек на економијата, ниту се изложени на данок за приход. Дел од овие пари се испраќаат во странство.

Од овие 1,6 милијарда евра, колку што ја чини Франција проституцијата, 860 милиони отпаѓаат одбегнати или затаени даночни давачки, 331 милион на човековата цена на проституцијата, 306 милиони се индиректни социјални последици, 58 милиони директни социјални последици, 35 милиони директни немедицински последици и 86 милиони евра директни медицински последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top