Со оглед на реакциите на гледачите на една од најпопуларните серии на сите времиња, сценаристите овој пат претерале со сексуалното насилство.
Бруталната и дегутантна сцена на силување на Санса Старк е капката што ја прелеала чашата дури и за најголемите обожаватели. Претежно женскиот дел од публиката масовно се откажува од натамошно следење на серијата и на тој начин го искажува своето незадоволство од одлуката на сценаристите да прикажат на екраните таква брутална сцена од силување.
На „Твитер“ се огласила дури и сенаторката на Мисури Клер Мекаскил, која напишала: „Ок, јас завршив со серијата. Водни градини, глупаво! Сцена од силување одвратна и неприфатлива. Беше тоа возбудливо патување, кое штотуку заврши“.
Ваквата реакција на обожавателите на серијата дојде како изненадување затоа што сите што погледнале барем една епизода, знаат колку е брутална серијата и дека насилството, убиствата, силувањата, мачењата и неочекуваните пресврти се составен дел на секоја епизода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.