| четврток, 6 декември 2018 |

Поради бруталните сцени на силување, гледачите се откажуваат од серијата „Игра на троновите“

Шокираните обожаватели на една од најпопуларните серии на сите времиња „Игра на троновите“ ги преплавија социјалните мрежи со негативни коментари.

Со оглед на реакциите на гледачите на една од најпопуларните серии на сите времиња, сценаристите овој пат претерале со сексуалното насилство.
02-sansa-stark-got-532-1
Бруталната и дегутантна сцена на силување на Санса Старк е капката што ја прелеала чашата дури и за најголемите обожаватели. Претежно женскиот дел од публиката масовно се откажува од натамошно следење на серијата и на тој начин го искажува своето незадоволство од одлуката на сценаристите да прикажат на екраните таква брутална сцена од силување.

На „Твитер“ се огласила дури и сенаторката на Мисури Клер Мекаскил, која напишала: „Ок, јас завршив со серијата. Водни градини, глупаво! Сцена од силување одвратна и неприфатлива. Беше тоа возбудливо патување, кое штотуку заврши“.

Ваквата реакција на обожавателите на серијата дојде како изненадување затоа што сите што погледнале барем една епизода, знаат колку е брутална серијата и дека насилството, убиствата, силувањата, мачењата и неочекуваните пресврти се составен дел на секоја епизода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top