| четврток, 6 декември 2018 |

Вредносното претставување на авторите е клуч за успехот во странство

Мис­лам де­ка ако на­ста­пу­ва­ме на ме­ѓу­на­род­ни са­е­ми, тие авто­ри што се прет­ста­ву­ва­ат, од­нос­но нив­ни­те кни­ги, ка­ко што бе­ше слу­ча­јот со „Два­е­сет и пр­ви­от“ на То­мис­лав Ос­ман­ли и мо­јот „Ѕир­ка­чот“, тре­ба да се пре­ве­дат и да се по­ну­дат, ве­ли Про­ко­пи­ев

По по­дол­го вре­ме ова е пр­во прет­ста­ву­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра на 12. Са­ем на кни­га во Со­лун. Кои авто­ри при­сус­тву­ваа, ка­ко те­че­ше са­е­мот, ка­ко бе­вте прет­ста­ве­ни?
Про­ко­пи­ев: По ре­чи­си 15 го­ди­ни, ова е прв­пат Ма­ке­до­ни­ја да се прет­ста­ву­ва на Са­е­мот на кни­га во Со­лун со од­де­лен штанд и мо­рам да ка­жам де­ка и ви­зу­ел­но бе­ше мош­не впе­чат­ли­во. Штан­дот бе­ше уре­ден нат­про­сеч­но со си­те стан­дар­ди на ед­на на­ци­о­нал­на ли­те­ра­ту­ра што се прет­ста­ву­ва на ме­ѓу­на­ро­ден са­ем. Ова са­кам да го истак­нам за­тоа што со­лун­ски­от са­ем, на кој мо­рам да приз­нам де­ка прв­пат сум учес­ник, е еден од по­до­бро сре­де­ни­те и тра­ди­ци­о­нал­ни са­е­ми на кни­га­та. Се одр­жу­ва во са­ми­от град и функ­ци­о­ни­ра ка­ко са­ем од пер­и­о­дот пред вој­на­та. Мно­гу вкус­но е уре­ден, без пре­го­ле­ми штан­до­ви, но мош­не сим­па­тич­но беа уре­де­ни на­ци­о­нал­ни­те штан­до­ви, та­ка што уште пр­ви­от ден ко­га при­стиг­нав­ме на са­е­мот со ко­ле­га­та То­мис­лав Ос­ман­ли си ре­ков­ме де­ка и без да го ви­ди­ме име­то на зем­ја­та пред чиј­што штанд се на­о­ѓа­ме, спо­ред уре­де­но­ста мо­же­ше да се пре­поз­нае… вед­наш се гле­да­ат ти­пич­ни прет­став­ни­ци на Ки­на, Гру­зи­ја, Азер­беј­џан, ед­но­став­но по­се­ти­те­лот мо­же­ше да ги пре­поз­нае ка­ко фи­зи­о­но­мии. На­ши­от штанд бе­ше сме­стен на мно­гу уба­во ме­сто, со ма­ке­дон­ско­то зна­ме со по­е­зи­ја од Бла­же Ко­не­ски и Га­не То­до­ров­ски пре­ве­де­на на грч­ки ја­зик. До­ми­ни­ка, ко­ја бе­ше до­ма­ќин­ка на штан­дот и ма­ке­дон­ска­та кон­зул­ка Ма­ја Апо­сто­ло­ва, на­пра­ви­ја це­ли­от на­стан да до­бие мно­гу уба­ва, би ре­кол и, про­па­ган­да. Са­ми­от на­стан, кој тра­е­ше два ча­са, бе­ше со бо­га­та про­гра­ма и мно­гу пуб­ли­ка, ме­ѓу ко­ја и про­фе­со­ри од фа­кул­те­ти, пи­са­те­ли, из­да­ва­чи, ам­ба­са­до­ри, но­ви­на­ри. Во пр­ви­от дел про­фе­сор­ка­та Ве­ра Стој­чев­ска-Ан­тиќ збо­ру­ва­ше за ки­ри­ло-ме­то­ди­ев­ска­та тра­ди­ци­ја кај нас, а грч­ки­от про­фе­сор за оваа тра­ди­ци­ја кај нив. По­тоа на­ста­пив­ме То­мис­лав Ос­ман­ли, на флу­ен­тен грч­ки ја­зик, и јас на ма­ке­дон­ски со по­мош на Мир­ки­ца По­по­виќ, ко­ја пре­ве­ду­ва­ше во раз­го­во­ри­те и во иска­жу­ва­ња­та. Се­то тоа бе­ше при­ме­но мно­гу уба­во и при­ја­тел­ски.

 

Ро­ма­нот „Два­е­сет и пр­ви­от“ на То­мис­лав Ос­ман­ли и Ва­ша­та кни­га „Ѕир­ка­чот“ беа пре­ве­де­ни од Ва­ши­от ма­ке­дон­ски из­да­вач „Ма­гор“ на анг­ли­ски ја­зик за оваа при­го­да. Има­ше ли ин­те­рес од грч­ки­те чи­та­те­ли да ги ку­пат кни­ги­те, да им пот­пи­ше­те кни­га?
Про­ко­пи­ев: Да, и мис­лам де­ка тоа е на­чи­нот што тре­ба да се сле­ди. Мис­лам де­ка ако се­га на­ста­пу­ва­ме на ме­ѓу­на­род­ни са­е­ми, тие авто­ри што се прет­ста­ву­ва­ат, од­нос­но нив­ни­те кни­ги, ка­ко што бе­ше слу­ча­јот со „Два­е­сет и пр­ви­от“ на То­ми Ос­ман­ли и мо­јот „Ѕир­ка­чот“, тре­ба да се пре­ве­дат и да се по­ну­дат. Нор­мал­но, пуб­ли­ка­та про­ја­ви ин­те­рес и пот­пи­шу­вав­ме кни­ги, ка­ко што е пра­кти­ка на се­кој са­ем на кни­га. Мис­лам де­ка ова е еден од глав­ни­те на­чи­ни за на­ше прет­ста­ву­ва­ње над­вор, за она што го прет­ста­ву­ва­ме, т.е. ли­те­ра­ту­ра­та да би­де до­стап­на за лу­ѓе­то што овој­пат дој­доа во го­лем број да не слуш­нат и нор­мал­но по­тоа са­каа да зе­мат кни­га и да го про­чи­та­ат тоа што го слуш­на­ле.

 

Бе­вте та­му, па ка­же­те ни из­вор­но кол­ку ја поз­на­ва­ат на­ша­та ли­те­ра­ту­ра во Гр­ци­ја. Кол­ку има пре­во­ди на де­ла од ма­ке­дон­ски авто­ри та­му?
Про­ко­пи­ев: Е, тоа пра­ша­ње е мно­гу се­ри­оз­но за­тоа што тие не ја поз­на­ва­ат ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра. Од сфе­ра­та на кул­ту­ра­та има про­би­ви и ту­ка се дра­ма­та на Ду­ков­ски, ре­жи­ја на Ун­ков­ски, пре­ве­де­на е и ед­на дра­ма и из­да­де­на ка­ко кни­га на То­мис­лав Ос­ман­ли, јас имав не­кои тек­сто­ви во спи­са­ни­ја, по­стои и ан­то­ло­ги­ја на ма­ке­дон­ска­та по­е­зи­ја. Мис­лам де­ка тоа не е гра­ни­ца, не е за­пре­ка, не е ѕид и мо­же да се пре­ми­не мно­гу лес­но ток­му пре­ку ва­кви кон­та­кти би­деј­ќи, пред сѐ, на на­ше­то прет­ста­ву­ва­ње дој­доа грч­ки из­да­ва­чи кои по­ка­жаа ин­те­ре­си­ра­ње за на­ши­те авто­ри. По­стои искрен ин­те­рес и мис­лам де­ка таа кул­тур­на сфе­ра е нај­до­бра, нај­по­роз­на за вос­по­ста­ву­ва­ње од­но­си, са­мо е по­тре­бен мал на­пор и се­то тоа да се на­пра­ви на еден шар­ман­тен на­чин, ка­ко што бе­ше на­пра­ве­но се­га. Ви­дов де­ка има ин­те­рес за на­ши­те авто­ри. Кај нив има ду­ри ед­на ма­ла гри­жа на со­вест би­деј­ќи пре­во­ди­те на ма­ке­дон­ски­те авто­ри трг­наа низ све­тот, не са­мо низ бал­кан­ски­те др­жа­ви, ту­ку и низ европ­ски­те зем­ји, а тие ги не­ма­ат. Тоа со ед­на па­мет­на кул­тур­на по­ли­ти­ка мо­же да се ос­тва­ри мно­гу лес­но.

 

Кај нас што­ту­ку за­вр­ши Са­е­мот на кни­га­та. Мо­же­те ли да на­пра­ви­те па­ра­ле­ла во од­нос на са­е­мот во Со­лун, во Бел­град, За­греб, ка­де што че­сто сте го­сту­ва­ле, а во Пу­ла бе­вте и се­ле­ктор на ед­на од про­гра­ми­те. Спо­ред Вас, што би тре­ба­ло да се на­пра­ви за да се по­до­бри со­др­жи­на­та на са­е­мот, да не ли­чи на па­на­Ѓур ка­де што са­мо се про­да­ва­ат кни­ги по на­ма­ле­ни це­ни, ту­ку на­ви­сти­на да има функ­ци­ја на са­ем на кни­га?
Про­ко­пи­ев: Го ка­жа­вте ви­стин­ски­от збор. Тоа е па­на­ѓур за­тоа што ос­мис­ле­но­ста на тој са­ем тап­ка в ме­сто ве­ќе со го­ди­ни, ка­ко, всуш­ност, во мно­гу сфе­ри на на­ши­от ја­вен жи­вот. По­треб­ни се на­ви­сти­на ко­ре­ни­ти про­ме­ни. По­треб­ни се лу­ѓе што се раз­би­ра­ат во тој за­на­ет, за­тоа што из­да­ваш­тво­то е за­на­ет, ама не са­мо из­да­ва­чи, на кои им е нај­важ­но да про­да­дат што по­ве­ќе кни­ги и да за­ра­бо­тат, ту­ку и ос­мис­лу­ва­чи, кул­тур­ни ино­ва­то­ри, ка­ко, на при­мер, Иван Пе­тру­шев­ски кој го на­пра­ви на­ши­от штанд во Со­лун. Пр­во ли­ков­но да се ос­мис­ли, па по­тоа со­др­жин­ски, ка­ко што е, на при­мер, „По­ја­док со авто­рот“ на са­е­мот во Пу­ла ка­де што до­а­ѓа еден Ум­бер­то Еко или ка­ко што е са­е­мот во Лајп­циг ка­де што има тр­ка со кни­жев­ни ли­ко­ви. Тоа не е не­воз­мож­но. Во бли­зи­на има­ме еден пре­кра­сен са­ем. Тоа е бел­град­ски­от са­ем на кни­га­та. Та­му по­ка­ну­ва­ат го­сти од го­лем ка­ли­бар, ка­кви што и ние мо­же­ме да по­ка­ни­ме, та­му ам­би­ен­тот ви ве­ли де­ка на­ви­сти­на сте дош­ле на праз­ник на кни­га­та. На­ши­от са­ем по тол­ку го­ди­ни на­ви­сти­на мо­ра да си на­пра­ви ед­но осве­жу­ва­ње.

 

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 142. број на неделникот „Република“, 22.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top