| четврток, 6 декември 2018 |

Прокопиев по осми пат во годишниот избор на Светската хаику асоцијација

Авторот Александар Прокопиев, со три тристишја на македонски и англиски, повторно се најде меѓу хаиката на 164 поети од 48 земји, во изданието за 2016 година на Светската хаику асоцијација со седиште во Токио, во Јапонија.

Како што се наведува во соопштението, книгата избор на Светската хаику асоцијација се издава секоја година, а досега хаиката на Прокопиев се избрани во осум годишни изданија.

И годинава, изборот на хаику автори од сите континенти уште еднаш покажува колку хаикуто е распространет низ целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top