Според резултатите од Општинската изборна комисија, за Стамов гласале 1.278 избирачи од 2.296, колку што излегле на гласање на осумте избирачки места во општина Дојран. Процентот на одѕив изнесува 83 од запишаните 2.757 гласачи.
Кандидатот на „Сојузот за иднината“, Никола Ајцев, доби 941 глас, за Коста Гогов од СДУ гласале 26, а за Благој Кортов од СДСМ само пет гласачи.
Новиот совет на општина Дојран ќе биде составен од девет советници, од кои шест од коалицијата „За подобра Македонија“ и тројца советници од коалицијата „Сојуз за иднината“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.