| четврток, 6 декември 2018 |

Техеран нема да се откаже од производство на атомска бомба

бомба
Иранската опозиција во егзил денеска ја обвини власта во Техеран дека соработува со Северна Кореја во сферата на нуклеарното оружје и оти Иран нема да се откаже од производство на атомска бомба.- Иранскиот режим продолжува да соработува со Северна Кореја на нуклеарните глави и на балистичките ракети се наведува во извештајот на Националниот совет на иранскиот отпор.

Во извештајот се истакнува дека во април делегација на севернокорејски нуклеарни експерти седум дена претстојувала во Техеран, во објект на Министерството за одбрана. Тоа била трета севернокорејска нуклеарна и балистичка делегација која го посетила Иран во 2015 година.

Опозицијата тврди и дека Техеран редовно испраќа свои нуклеарни експерти во Пјонгјанг.

– Ваквата размена јасно укажува дека иранскиот режим не планира да се откаже од амбициите за производство на стратешко оружје кое е во средиштето на нуклеарната програма – посочува Националниот совет на иранскиот отпор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top