| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Бекер ги заменија местата, во „младиот“ Германец има потенцијал (видео)

Monte-Carlo Rolex Masters tennis tournament

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на вториот по ред гранслем-турнир Ролан Гарос победувајќи го лесно со 3-0 во првото коло Финецот Јарко Ниеминен.
Ноле игра лесно и е во животна форма, игра отпуштено и е среќен на теренот, па затоа може на еден од тренизните да си дозволи дури и да тренинра со големиот Борис Бекер.

Активен е и на социјланите мрежи, а постира и голем број видеа и коментари на неговиот профил на „Фејсбук“. Последното видео од еден од неговите тренинзи пред почетокот на Ролан Гарос, а за потребите на снимањето тие буквално ги заменија позициите.

Ѓоковиќ го зазема местото на неговиот тренер и си дозволи да му покаже некои удари, му одржа лекција, а не заборави и да напише дека во овој „млад“ Германец има голем потенцијал.

– Во овој млад тенисер од Германија без сомневање има голем потенцијал. Што мислите вие? Сепак, има уште многу работа пред него – се пошегува српскиот ас со својот 46-годишен тренер, Борис Бекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top