| четврток, 6 декември 2018 |

Историски покер за Андалузија, Севилја ја освои Европа Лигата

Историски подвиг приреди екипата на Севилја со четвртиот триумф во Европа Лигата на УЕФА. Со победа од 3-2 против Днипро екипата од Андалузија прва стаса до 4 трофеи во второто по квалитет на натпреварување во Европа.

UEFA Europa League Final - FC Dnipro Dnipropetrovsk v Sevilla FC

Интересен податок е што Севилја има максимален учинок во финалињата на Европа Лигата, или УЕФА купот како што се викаше порано, а славеше во 2007, 2012, 2014 и годинава во Варшава.

Мечот почна како од соништата за Днипро, екипа која за првпат во клупската историја играше европско финале. Никола Калиниќ погоди со глава во седмата минута, по асистенцијата на Матеус. Криковјак израмни во 28. минута, а голеадат во првиот дел ја продолжи јунакот на мечот Карлос Бака со погодок во 31. минута. Во самиот финиш капитенот на Днипро, Ротан со прекрасно изведен слободен удар израмни на 2-2, резултат со кој заврши првото полувреме.

Победносниот гол вреден четврта титула за Севилја го постигна Бака во 73. минута.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top