| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателката на Хрватска: Жената денес мора да се однесува како дама, да изгледа како девојка, а да работи како коњ

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во говорот за положбата на жената во Ватикан изјави дека жената денес мора „да се однесува како дама, да изгледа како девојка, а да работи како коњ“.

kolinda

Грабар-Китаровиќ изјави дека во денешниот свет е тешко да се биде жена на висока положба. Хрватската претседателка говореше на темата „Жената во политиката, предизвици во глобалниот свет“.

Во говорот таа се задржа на тешката положба на жената во некои земји како Авганистан, и додаде дека интелектуалците се полни со предрасуди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top