Од досега обработените податоци во ДИК, Андреј Жерновски води во трката за градоначалник на општината Центар. За него гласале 12.426 граѓани или 51,78 процент. Сепак, извесно е дека во Центар ќе се оди на глање во втор круг со оглед на тоа што има и 1.231 неважечко ливче, кои, исто така, влегуваат во изборната математика.
За актуелниот градоначалник Владимир Тодоровиќ гласале 11.088 граѓани или 46,20 проценти. Во Центар, според податоците на ДИК, гласале 25.229 во 60 избирачки места, од кои пристигнале податоци. Во општина Центар има 42.667 регистрирани гласачи кои гласаат на 66 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.