Во Нигер во последните четири месеци се уапсени 643 лица обвинети поради поврзаност со екстремистичката организација Боко Харам, изјави денеска нигерскиот министер за безбедност Хасуми Масауду.
Уапсените се обвинети за тероризам и злосторничко здружување, а неколку мрежи на Боко Харам се разбиени во јужниот регион Дифа, на границата со Нигерија. Во Дифа во февруари е прогласена вонредна состојба и таму е распоредена армијата.
– Ако не беше прогласена вонредна состојба најверојатно ќе имаше востание во Дифа, посочи Масауду пред Парламентот на Нигер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.