| четврток, 6 декември 2018 |

Во март просечната плата 21.402 денари

плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 9,4 проценти, други услужни дејности за 7,1 проценти и дејности на здравствена и социјална заштита за 5,5 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: рударство и вадење камен за 15,6 проценти, земјоделство, шумарство и рибарство  за 6,8 проценти и  трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 6,2 проценти.

Исплатената месечна бруто-плата во март изнесувала 31.455 денари.

Во март годинава 1,1 процент од вработените во Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top