| четврток, 6 декември 2018 |

Жител на Липково претепал обезбедување во кумановската општина

Жител на Липково нападнал и претепал кумановец кој работел како обезбедување во зградата на Општина Куманово, соопшти локалната полиција. Станува збор за Ш.Н. (47), кој ќе одговара за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Според пријавата, тој на 23 минатиот месец, околу 16.30 часот влегол во општинската зграда и почнал да се расправа со Р.Ц. (33). По неколкуте разменети навреди и закани, тој го нападнал обезбедувачот, удирајќи го со тупаници во главата. По неколкуте удари, тој го соборил на земја и продолжил да го тепа.

На крајот интервенирале сведоци на тепачката кои успеале да го оттргнат, а претепаниот службеник бил пренесен во болница каде што му била укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top