| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на Миле Неделкоски

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски писател Миле Неделкоски.

За делото на Неделкоски ќе зборуваат Санде Стојчевски и Братислав Ташковски, а делови од творештвото ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Чествувањето ќе се одржи на 28 мај (четврток) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

Миле Неделкоски e еден од најплодните македонски писатели. Пишува поезија, раскази, романи, драми, сценарија и есеи. Застапуван е во поетски и прозни антологии, а панорами од неговата поезија се публикувани на повеќе европски и светски јазици.

Одделни книги се објавени на унгарски, романски, италијански, шпански и бугарски јазик. Според неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“, по негово сценарио, снимен е долгометражен игран филм. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и на меѓународната награда „Димитар Талев“.

Миле Неделкоски е автор на дванаесет книги поезија, седумнаесет прозни дела, две книги есеии и две драми, кои се поставени на сцената на Драмскиот театар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top