| четврток, 6 декември 2018 |

Во филмот за Оскар Писториус ќе глумат Рајан Гослинг и Шарлиз Терон

Според последните шпекулации, актерите Рајан Гослинг и Шарлиз Терон ќе глумат во биографскиот филм за параатлетичарот Оскар Писториус.

Гослинг би се нашол во улогата на Писториус, а неговата трагично загината девојка, Рива Стинкемп, би ја глумела Терон.

rajan-650x350

Спрема пишувањето на „Дејли меил“, во моментов се во подготовки две сценарија за биографскиот филм на спортистот, кој е обвинет за убиството на Стинкемп.

„Имате еден многу познат спортист кој е уапсен и прекрасна млада девојка која е убиена на брутален начин“, кажал близок извор. „Сценаријата почнаа да кружат по канцелариите на директорите на филмските студија уште само неколку дена по страшниот инцидент“.

Иако Рајан веќе најави дека сака да се одмори од актерската кариера, продуцентите ќе се борат за да го убедат да игра во овој филм откако нечие сценарио ќе добие зелено светло.

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус е обвинет за убиството на неговата девојка Рива Стинкемп, кое се случи ноќта на 14 февруари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top