Европската комисија преку канцеларијата на комесарот Штефан Филе го поздрави спроведувањето на локалните избори во Македонија, јавува „Дојче веле“.
Го поздравуваме фактот дека локалните избори беа спроведени во мирна атмосфера без поголеми инциденти. Сега ги очекуваме официјалните резултати од Државната изборна комисија, како и официјалниот извештај од ОДИХР, канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, за спроведувањето на изборите и дополнителните препораки што тие би можеле да ги имаат, велат од прес-канцеларијата на комесарот за проширување Штефан Филе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.