| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за безбедност на ОН расправа за формирање на специјален суд Косово и за судирите во Куманово

Советот за безбедност на Обединетите нации расправа за ситуацијата во Косово и за што побрзото формирање на специјалниот суд за злосторствата сторени од припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – УЧК).

На седницата која започна во 16 часот се очекуа да бидат споменати и судирите во Куманово.
Дипломатите во Њујорк најавуваат дека после долго време, седницата на Советот на ОН ќе добие сериозна динамика бидејќи САД, при подготвките за состанокот, јасно ги предупредиле косовските Албанци дека специјалниот суд за злосторствата на ОВК мораат да го фомираат што побрзо.
Истовремено се очекува Русија да го покрене прашањето за косовската врска со „кумановската група“, јавува српската телевизија РТС.
Амбасадорите на државите членки на ОН ќе го разгледуват редовниот извештај на шефот на ОН, Бан Ки Мун кој најави дека Белград и Приштина треба да ги преземат сите неопходни чекори за доследна примена на сите досегашни постигнати договори.
Генералниот секреатар на ОН исто така ги повика косовските власти што побрзо да го формираат судот за злосторства на ОВК.
Клучното прашање за Косово, според Бан Ки МУн, останува воспоставуавањето на српски општини. Шефот на ОН, апелирал политичките лидери во Белград и Приштина што да пристапат кон решавање на тоа прашање со консултација со косовските Срби и нивните политички лидери што директно ќе влијае на создавањето на српските општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top