Околу 25 кениски полицајци синоќа се убиени во заседа на исламистите од сомалиската група Ал Шабаб во североисточниот дел на земјата, соопшти сомалиската армија.
Инцидентот се случил кога полициски конвој се упатил кон селото Јумбис да им помогне на полициски одред кој претходно бил нападнат. Дел од убиените загинале во судирот, а неколку мина од поставена мина.
– Ние им го одзедовме целото оружје. Некои од кениските полицајци успеаја да избегаат, додека траеше битката, изјави портпаролот на Ал Шабаб.
Селото Јумбис е 70 километри северно од градот Гариса, каде минатиот месец сомалиските екстремисти убија 148 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка