„Голи митови“ е најновата претства на битолскиот театар „Дел арте“. Текстот е на Димитар Захариевски, а режијата на Бојан Стојков. Станува збор за комедија на карактери, базирана врз античките митови, со цел преку нивното „соголување” да се испрати една општествена критика со желба да се изгради подобар свет.
Претставата изобилува со префинет, универзален хумор во кој ќе ужива битолската публика за време на двете изведби 27 и 28 мај, во Центарот за култура во Битола.
Неодамна оваа млада, но искусна талентирата група се врати од гостувањето на меѓународниот фестивал на театар за деца „Маслачак“, кој се одржува во Сисак, Хрватска.
Таму настапија со претставата за деца „Сказна за принцот Пелистер“, која повторно е комплетно дело на Захариевски и Стојков.
– Имавме одлични критики, но најважно e дека публиката, децата, беа воодушевени, се смееа, реагираа.
Најважно е што ја разбивме јазичната бариера и ги освоивме – вели режисерот Захариевски.
По одличното гостување, театарот доби отворена понуда наредната година повторно да гостува на два фестували во Хрватска, „Маслачак“ и „Дијалог“, а покани добија и од неколку театри ширум Балканот.
Театарот „Дел арте“ постои веќе две години, а публиката ги препозна по нивните оригинални текстови, духовити претставии интелигентен хумор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.