| четврток, 6 декември 2018 |

Нова лидерска средба за излез од кризата

Liderska sredba zaev - gruevski 2014 (7) (Custom)Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи денеска во Скопје ќе одржат нова средба за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

На денешната трета средба во Клубот на пратениците, како и на претходните две, набљудувачи ќе бидат амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Состанокот пред една недела заврши без конкретен договор.

На средбата беше заклучено дека за да напредуваат преговорите треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност на сите страни и гаранции дека тоа што ќе се договори навистина ќе се почитува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top