| четврток, 6 декември 2018 |

Роберто Ди Матео доби отказ од Шалке

Италијанскиот тренер на клупата на германскиот биденслигаш Шалке Роберто Ди Матео вчера доби отказ до управата поради слабите резултати на тимот од Гелзенкирхен што ги бележеше оваа сезона. Раководството на Шалке не му прости на Италијанецот за слабите резултати кои придонесоа овој тим да не се пласира во ЛШ, примарната цел што беше поставена пред него при потпишувањето на договорот во октомври.

Врз оваа одлука влијаеше и недисциплината во соблекувалната на клубот што резултураше со остранување од тимот на Боатенг, а Ди Матео целосно да ја загуби контролата над фудбалерите.

Шалке е вториот германски клуб што се решава на тренерска смена веднаш по завршувањето на сезонава, откако и Штугарт остана без својот тренер по оставката што сам ја поднесе Хуп Стевенс иако успеа да обезбеди опстанок во лигата.

Борусија Дортмунд истотака ќе мора да бара ново решение на клупата бидејќи Јирген Клоп најави заминување од клубот по седум години успешна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top