| четврток, 6 декември 2018 |

Атланта повторно немоќна пред „кралот“, Кливленд поведе со 3-0 (видео)

Atlanta Hawks at Cleveland Cavaliers

Леброн Џејмс со нов трипл-дабл во кариерата ги сруши надежите на Перо Антиќ и другарите за некаков кам-бек во финалето на источната конференција, откако синоќа го одеведе својот тим Кливленд до нова победа над Атланта од 114-111 по едно продолжение.
Феноменалниот Леброн реализираше 37 поени, 18 скока и 13 асистенции и сосема заслужено води со 3-0 и е на чекор од големото финале.
Во израмнет натпревар Атланта првпат покажа дека може да се носи со екипата на Кливленд, но во финишот од продолжението играчите немаа среќа, нереализирајќи два шута за три поени за ново продолжение.
Перо Антиќ ги одигра само последните 13 секунди од натпреварот во обид да му помогне на својот тим да дојде до измранување.
Пкрај Џејмс во екипата на Кливленд се истакнаа и Делаведова и Џеј Ар Смит кои имаа по 17 поени. Во тимот на Атланта, најефикасен беше Џеф Тиг со 30 поени, а Пол Милсап натпреварот го заврши со 22 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top