| четврток, 6 декември 2018 |

Пол Енка: Се чувствувам делумно виновен за смртта на принцезата Дајана

Седумдесет и едногодишниот канадскиот пејач Пол Енка на 9 април ќе ги објави мемоарите во кои открива дека делумно се чувствува виновен за смртта на принцезата Дајана и Доди ал Фајед.

Се сретнавме во еден ресторан со Доди ал Фајед во Лос Анџелес и ме замоли да му позајмам пари затоа што на аеродром му земале 150.000 долари во кеш што не му биле пријавени. Не смеел да каже на татко му, а ми вети дека ќе ми ги врати парите за една недела. По извесно време ми даде чек, но се испостави дека нема покритие. Се јавив во неговата банка во Лондон и менаџерот искрено ми кажа дека е проблематичен. Дека постојано е во долгови и дека нема доволно пари да го покрие чекот. Го повикав татко му и му кажав дека сум на граница да повикам полиција. Тогаш тој го испрати неговиот брат кај мене со тековна книшка и ми рече да кажам која било сума, но јас си ги сакав моите пари. Луѓето на татко му го откажаа станот на Доди, му ги платија сите заостанати сметки, го качија во авион и го вратија во Англија. Неколку месеци подоцна на телевизија видов дека принцезата Дајана загинала во сообраќајка во Париз со Доди во автомобилот. Прво мислев дека сонувам, но потоа кога подобро размислив, сѐ имаше смисла. Доди беше многу параноичен, особено кога стануваше збор за киднапирања, одмазди, заседи и постојано мислеше дека некој сака да го убие. Затоа возеше премногу брзо. Кога почна да се гледа со принцезата, сета таа нервоза најверојатно се одвоила затоа што папараците ги прогонуваа цел ден. Почнав да се прашувам што ќе се случеше да не му позајмев пари, да не го побарав татко му? Дали Доди ќе останеше во Лос Анџелес? Дали тој и Дајана денес ќе беа живи? Прилично долго се измачував себе си со ова прашање, пишува Енка во мемоарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top