| четврток, 6 декември 2018 |

Фиорентина победи на гостувањето кај Палермо

Fiorentina vs MilanЕкипата на Фиорентина успеа да слави победа од 3:2 на гостувањето кај Палермо и со тоа се проби на петото место на табелата во Серија А. Ова за тимот од Фиренца беше четврта победа во низа што им овозможи да обезбедат пласман во
европските купови и следната сезона.
На денеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати:
Емполи – Сампдорија 1:1,
Чезена – Каљари 0:1,
Киево – Аталанта 1:1,
Палермо – Фиорентина 2:3,
Парма – Верона 2:2,
Удинезе – Сасуоло 0:1.

На вчера одиграните натпревари:
Јувентус – Наполи 3:1 и
Џенова – Интер 3:2.

Се игра Милан – Торино, додека последниот натпревар од оваа рунда се игра утре меѓу Лацио и Рома.
Табела:
Јувентус 86 бодови,
Рома 67, Лацио 66,
Наполи 63,
Фиорентина 61,
Џенова 59,
Сампдорија 55,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top