
фото: Скопје инфо
На површина од 1020 кубни метри, во скопската населба Драчево, се извиши петметарски споменик, под него ќе биде поставена меморијалната фонтана со дијаметар од 8 метри, а останатиот простор партерно ќе се уреди и опремени.
Во средишниот дел на плочникот има предвидено шестоаголна армирано-бетонска фонтана во која на армирано-бетонски постамент ќе бидат поставени шест кружни жардиниери. На шестоаголната фонтана има предвидено ниши каде што ќе биде поставена по една мермерна плоча на секоја негова страна со испишано име на еден од бранителите со година на раѓањето и смртта.
Меморијалната фонтана треба да содржи спомен-плоча изработена од месинг, на која ќе биде испишан пригоден текст во чест на бранителите.
Скулптурата ќе биде излиена во бронза, со висина од 240 сантиметри до главата на војникот, односно 300-320 сантиметри до највисоката точк,а т.е. знамето. Таа ќе биде поставена на постамент со висина од 2 метра, односно вкупната висина на споменикот ќе изнесува пет метри.
Инвеститор на спомен-обележјето е Општина Кисела Вода за што од својот буџет издвои пет милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


