| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан протестот на ПЕГИДА против Песна на Евровизија

­ Протестот против Песна на Евровизија, што го пријави некогашниот портпарол на Движењето на европски патриоти против исламизација на Европа (ПЕГИДА) Георг Имануел Нагел, а што требаше денеска да се одржи, откажан е поради силниот дожд во Виена.

Нагел повика на протест против „декаденцијата и падот на вредностите“. До пред неколку дена тој најави демонстрации кои требаа да се одржат во близина на салата каде се одржува Евросонг.

Меѓутоа, во петокот тој одлучи да се одржи протестот на еден плоштад на неколку стотини метри од салата „Штатхале“, каде би биле делени летоци и одржани говори против хомосексуалците.

Бидејќи од синоќа постојано врне дожд, Нагел попладнево соопшти дека протестот се откажува.

Тој воедно истакна дека не се откажува од протестот и повика на собир на 20 јуни на истата тема, односно на „Марш за семејствата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top