| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ го честита Националниот ден на Власите

ВМРО – ДПМНЕ на припадниците на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

– Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција кои се значително распространети како во Македонија, така и насекаде во светот. Трудољубивоста, богатата распространета култура, нивното делување во секоја пора од општеството се значаен дел од историјата на Македонија, се вели во партиската честитка.

Според ВМРО – ДПМНЕ придонесеот на Власите за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, како единство, меѓучовечко разбирање, хармонија и култура е значајно голем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top