| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва е финалето на „Евровизија“

Вечерва во Виена ќе се одржи финалето на јулилејното 60. издание на „Евровизија“, на кое учествуваат претставници од 27 земји.

Големото финале ќе го отвори претставничката од Словенија, а потоа ќе настапат претставниците на Франција, Израел, Естонија, Велика Британија, Ерменија, Литванија, Србија, Норвешка, Шведска, Кипар, Австралија, Белгија, Австрија, Грција, Црна Гора, Германија, Полска, Латвија, Романија, Шпанија, Унгарија, Грузија, Азербејџан, Русија, Албанија и Италија.

Одлуката за победникот на овогодинешниот европски фестивал ќе ја донесат публиката и жирито, во однос 50:50.

Во финалето право на глас имаат сите земји кои учествуваа оваа година, вклучително и претставниците кои не успеаја да се пласираат во финалето, односно 40 земји, меѓу кои и Македонија.

Слоганот на овогодинешното издание на „Евровизија“ е „Градиме мостови“.

Оваа година поради јубилејот, направен е исклучок, па со свој претставник настапува и Австралија, каде фестивалот го следат милиони луѓе.

Натпреварувањето започнува во 21 часот, и го водат Миријам Вајхселбраун, Алис Тумлер и Арабела Кисбауер, додека од „зелената соба“ се јавува минатогодишната победничка Кончита Вурст.

Австрија по втор пат е домаќин на Евросонг. Прв пат била во 1967 година, кога година пред тоа Уго Јиргенс победил со песната „Мерси шери“, во Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top