Пoјадокот може да почека малку. Иако првото нешто што го правите кога станувате од кревет веројатно е одењето во тоалет, научниците откриваат дека ова е погрешен начин да се започне денот.
Според нив, за денот да ви биде што посреќен, првото нешто што трба да се направи е да се намести постелата. Неколку различни студии открија дека луѓето кои си го суредуваат креветот наутро се посреќни и попродуктивни од оние кои не го прават тоа. За таквите луѓе се смета и дека поголема е веројатноста да вежбаат редовно, да спијат повеќе и да се чувствуваат поисполнети на работното место.
Покрај тоа, со местење на постелата секое утро, уште од почетокот на денот сте ја постигнале својата прва цел.
– Тоа ќе ви даде малo чувство на гордост и ќе ве поттикне да сработите уште една задача, а потоа друга и така натаму – пишува „Female Network“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.