Пуштањето во употреба на гасоводот Турски поток може да се очекува во 2017 година, а не во декември 2016 како што претходно најавуваше „Газпром“, изјави турскиот амбасадор во Москва, Јомит Јардам.
– Турција и Русија досега не стигнале до стадиумот почеток на прокетот и затоа не може прецизно да се одреди датумот на пуштање во употреба на гасоводот, додаде тој.
Според Јардам успешното реализирање на овој проект ќе биде голема победа и за Турција и за Русија.
Турскиот амбасадор нагласи дека во моментов Русија и Турција немаат потпишано обврзувачки договор за овој проект, но и двете земји имаат желба и намера да го изградат гасоводот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.