| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс се повреди со рекет во лице

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во 3. коло од првиот годинешен гренслем-турнир Австралија опен откако со 6-2, 6-0 ја совлада Шпанката, Гарбине Мугуруза. Но притоа заработи и повреда откако се удри со рекетот во лицето, кој бил крајно болен.

-Во прв момент логично би било да си помислиш дека и да има некаков оток, барем ќе ги добијам оние секси-усни за кои други девојки одат на пластична операција, зарем не. Но, шегата на страна, ударот беше навистина силен поради што си помислив дека веројатно нема да ми попаѓаат сите заби, тоа би било страшно – изјавила Серена по мечот.

Серена Вилијамс ја оствари 56. победа на Австралија опен со што го изедначи рекордот што го држеше Линдзи Девенпорт. Следна противничка на Серена ќе биде Јапонката Ајуми Морита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top