| четврток, 6 декември 2018 |

Петровски: Актерите пред Влада со насилство се обидоа да дојдат на власт

Ова го истакна Филип Петровски кој вечерва се обрати на панел дискусијата во кампот на Чуварите на демократијата.

-Основата на демократијата е еден човек еден глас. Не може Зоран Заев и насилните групи да имаат право на повеќе гласови отколку што ги има, а таа бројка се манифестираше со 200.000 гласови разлика само пред една година. Шест месеци слушаме приказни дека не биле демократски изборите минатата година, но не слушнавме ниту еден разговор, ниту еден доказ, никаков факт дека изборите не биле легитимни, дури и спротивно на тоа сите знаеме дека разликата е реална, дотолку повеќе ако се погледне разликата меѓу двата митинзи во неделата и понеделникот – истакна Петровски.

Тој додаде дека не може никој да направи 200.000 фалсификувани гласови.

– За потсетување на барање на СДСМ ние бевме бележани на палците минатата година, што значи требало да имате и три десни палци. Станува збор за една голема фарса  потенцираше Петровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top