На поранешната словенечка министерка за образование Клаудија Маркеж и беше одземена академската титула магистер за државни и европски истражувања, откако беше потврдено дека нејзиниот труд е плагијат, јави Танјуг.Словенечкиот факултет за државни и европски истражувања соопшти дека 37 проценти од нејзиниот магистерски труд или клучниот дел е препишан од дипломската работа на истата тема и поради тоа трудот не може да и се смета за оригинален.
Маркеж беше на функцијата министер за образование само два дена. Таа поднесе оставка на почетокот на април откако се појавија информации за плагијат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.