| четврток, 6 декември 2018 |

Професор д-р Шиколе: Пациент со висок крвен притисок биолошки брзо старее или се амортизира

Па­ци­ен­ти­те со хи­пер­тен­зи­ја тре­ба че­сто да го ме­рат крв­ни­от при­ти­сок, нај­мал­ку ед­наш не­дел­но, а ко­га при­ма­ат те­ра­пи­ја за хи­пер­тен­зи­ја, по­треб­но е да се про­ве­ру­ва два­па­ти днев­но – на­у­тро и на­ве­чер пред зе­ма­ње те­ра­пи­ја, на 12 ча­са, со­ве­ту­ва проф. д-р Ши­ко­ле, ди­ре­ктор на кли­ни­ка­та за не­фро­ло­ги­ја

Ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок е ме­ѓу три­те нај­че­сти бо­ле­сти на чо­веш­тво­то и се сме­та де­ка око­лу 30 от­сто од свет­ска­та по­пу­ла­ци­ја стра­да од хи­пер­тен­ци­ја. По­сто­јат по­ве­ќе фа­кто­ри на ри­зик за по­ја­ва на оваа бо­лест, ко­ја, ако ре­дов­но се при­ма те­ра­пи­ја, мо­же да се др­жи под кон­тро­ла. За при­чи­ни­те за по­ја­ва­та на хи­пер­тен­зи­ја­та и ка­ко се ле­ку­ва раз­го­ва­рав­ме со про­фе­сор д-р Але­ксан­дар Ши­ко­ле, ре­до­вен про­фе­сор на Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет во Скоп­је и ди­ре­ктор на кли­ни­ка­та за не­фро­ло­ги­ја. 

 

Спо­ред ста­ти­стич­ки­те по­да­то­ци, ед­на по­ло­ви­на од во­зрас­но­то на­се­ле­ние во Ма­ке­до­ни­ја стра­да од ви­сок кр­вен при­ти­сок. Ова е го­ле­ма број­ка, ка­ко би ја ко­мен­ти­ра­ле?

ШИКОЛЕ: Оваа број­ка се од­не­су­ва на во­зрас­но­то на­се­ле­ние, по­во­зрас­но од 55 го­ди­ни и во таа во­зраст мо­же да се оче­ку­ва де­ка фре­квен­ци­ја­та на ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок е зго­ле­ме­на. Оп­што е поз­на­то де­ка ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок е ед­на од нај­че­сти­те или спа­ѓа во три­те со­стој­би спо­ред за­ста­пе­но­ста, од­нос­но бо­ле­сти во чо­веш­тво­то. Се сме­та де­ка го­лем дел од по­пу­ла­ци­ја­та, око­лу 30 от­сто стра­да од хи­пер­тен­зи­ја. Ако се сме­та са­мо во­зрас­но­то на­се­ле­ние, то­гаш тој про­цент е по­ви­сок. При­чи­ни­те за по­ја­ва на хи­пер­тен­зи­ја се по­вр­за­ни со во­зра­ста. Го­лем дел од ра­бо­тос­по­соб­но­то на­се­ле­ние има ви­сок кр­вен при­ти­сок, тоа е здрав­ствен и со­ци­ја­лен проб­лем на кој тре­ба да му се по­све­ти со­од­вет­но вни­ма­ние. По­треб­но е да се тре­ти­ра и, ако е воз­мож­но, да се пре­ве­ни­ра.

dr sikole 5 (Custom)

Кои се нај­че­сти­те при­чи­ни за по­ја­ва на ви­сок кр­вен при­ти­сок?

ШИКОЛЕ: По де­фи­ни­ци­ја, зго­ле­мен кр­вен при­ти­сок зна­чи де­ка си­стол­ни­от, го­рен кр­вен при­ти­сок е по­го­лем од 140 ми­ли­ме­три жи­вин столб, а ма­ли­от или ди­ја­стол­ни­от е по­го­лем од 90 ми­ли­ме­три жи­вин столб. Нор­ма­лен кр­вен при­ти­сок е од 120 со 80. Ме­ѓу 120 и 140 со­стој­ба­та се на­ре­ку­ва пре­хи­пер­тен­зи­ја, од­нос­но со­стој­ба ко­ја ука­жу­ва де­ка при­ти­со­кот поч­ну­ва да оди на­го­ре. Ту­ка, во тој пер­и­од мо­же да се дејс­тву­ва пре­вен­тив­но со цел да се спре­чи не­го­во на­та­мош­но рас­те­ње ду­ри и со не­ме­ди­ка­мен­тоз­ни мер­ки, од­нос­но со при­ме­на на со­од­вет­на хи­ги­е­но-ди­е­тет­ски ре­жим, на­чин на жи­вот, на­чин на ис­хра­на, од­вик­ну­ва­ње на не­кои на­ви­ки што во­дат кон зго­ле­мен кр­вен при­ти­сок и, мо­же­би, тоа ќе би­де до­вол­но. Има по­ве­ќе при­чи­ни што пре­дис­по­ни­ра­ат ви­сок кр­вен при­ти­сок. Кај по­ве­ќе од 85 от­сто од ли­ца­та што има­ат ви­сок кр­вен при­ти­сок не мо­же да се открие при­чи­на­та. Ста­ну­ва збор за по­ве­ќе фа­кто­ри. Во ме­ди­ци­на­та де­нес тоа се де­фи­ни­ра ка­ко есен­ци­јал­на или при­мар­на хи­пер­тен­зи­ја за што при­чи­ни­те не се јас­но де­фи­ни­ра­ни. За раз­ли­ка од оваа есен­ци­јал­на хи­пер­тен­зи­ја, по­мал број ли­ца стра­да­ат од се­кун­дар­на хи­пер­тен­зи­ја ка­де што точ­но е одре­де­на при­чи­на­та. Обич­но тоа е не­ко­ја бо­лест на бу­бре­зи­те или на жлез­ди­те со вна­треш­но ла­че­ње. Ако на нив ус­пеш­но се дејс­тву­ва, то­гаш ќе се ре­ши проб­ле­мот со ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок. За лу­ѓе­то што стра­да­ат од есен­ци­јал­на хи­пер­тен­зи­ја по­сто­јат по­ве­ќе при­чи­ни за неј­зи­но вло­шу­ва­ње. Со ста­ре­е­ње, лу­ѓе­то се пре­дис­по­ни­ра­ни на ви­сок кр­вен при­ти­сок. Зна­чи, во­зра­ста е фа­ктор. Ра­са­та е, исто та­ка, фа­ктор, се знае де­ка цр­на­та рас­а е пре­дис­по­ни­ра­на за хи­пер­тен­зи­ја за раз­ли­ка од бе­ла­та. Ге­нет­ски­те фа­кто­ри, исто та­ка, игра­ат уло­га. Мо­же да се ра­бо­ти за ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја. Ако има­ме по­да­ток де­ка не­кој бли­зок во се­мејс­тво­то ве­ќе стра­да од ви­сок кр­вен при­ти­сок, то­гаш па­ци­ен­тот е под зго­ле­мен ри­зик за хи­пер­тен­зи­ја. Де­бе­ли­на­та е, исто та­ка, фа­ктор на ри­зик, ка­ко и не­кон­тро­ли­ра­но­то вне­су­ва­ње сол, кон­су­ми­ра­ње хра­на си­ро­маш­на со ка­ли­ум, не­до­сти­гот од ви­та­мин Д.

 

Кол­ку че­сто тре­ба да го ме­ри­ме ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок?

ШИКОЛЕ: Кај пом­ла­ди­те, ка­ко и кај тие кај кои е кон­ста­ти­ра­но де­ка има­ат нор­ма­лен кр­вен при­ти­сок, не­ма по­тре­ба че­сто да се ме­ри. До­вол­но е ед­наш го­диш­но. Ли­ца­та што се по­во­зрас­ни од 55 го­ди­ни тре­ба по­че­сто да го кон­тро­ли­ра­ат при­ти­со­кот. Овие ли­ца тре­ба че­сто да го ме­рат крв­ни­от при­ти­сок, нај­до­бро во до­маш­ни ус­ло­ви, би­деј­ќи то­гаш е нај­ме­ро­да­вен, би­деј­ќи то­гаш па­ци­ен­тот е ре­ла­кси­ран. По­треб­но е да има­ат апа­рат за ме­ре­ње кр­вен при­ти­сок. Ди­ги­тал­ни­те апа­ра­ти се пра­ктич­ни за упо­тре­ба и се ре­ла­тив­но точ­ни. Жи­ви­ни­от апа­рат е нај­то­чен, а си­те дру­ги апа­ра­ти се баж­да­рат по не­го. Апа­ра­ти­те мо­же да се про­ве­ру­ва­ат ед­наш го­диш­но. Па­ци­ен­ти­те со хи­пер­тен­зи­ја тре­ба че­сто да го ме­рат крв­ни­от при­ти­сок, нај­мал­ку ед­наш не­дел­но, а ко­га при­ма­ат те­ра­пи­ја за хи­пер­тен­зи­ја, по­треб­но е да се про­ве­ру­ва два­па­ти днев­но – на­у­тро и на­ве­чер пред зе­ма­ње те­ра­пи­ја, на 12 ча­са.

dr sikole 3 (Custom)

Зо­што оваа бо­лест се на­ре­ку­ва и ти­вок уби­ец на ор­га­низ­мот?

ШИКОЛЕ: Оваа со­стој­ба има одре­де­ни симп­то­ми: гла­во­бол­ка, вр­тог­ла­ви­ца, на­ру­шен вид, на­го­ни за по­вра­ќа­ње, сте­га­ње во гра­ди­те. Тоа се зна­ци што го опо­ме­ну­ва­ат па­ци­ен­тот. Ако ги иг­но­ри­ра, овие зна­ци мо­же да се за­гу­бат, а при­ти­со­кот да оста­не. Оваа со­стој­ба мо­же да трае со го­ди­ни. Мо­же да се слу­чи комп­ли­ка­ци­ја, а тоа е мо­зо­чен удар, аку­тен ми­о­кард, проб­ле­ми со ви­дот, бу­бре­зи­те. Тоа е доц­на фа­за. За да дој­де до мо­зо­чен удар, на при­мер, тре­ба да по­ми­не дол­го вре­ме ко­га не е ре­гу­ли­ра­на хи­пер­тен­зи­ја­та и да ги оште­ти крв­ни­те са­до­ви. Крв­ни­те са­до­ви кај ср­це­то кај па­ци­ент што има ви­сок кр­вен при­ти­сок ра­бо­тат под стрес, се амор­ти­зи­ра­ат по­бр­зо, се стес­ну­ва­ат, ја на­ма­лу­ва­ат ис­хра­на­та на ор­га­ни­те со кис­ло­род и со дру­ги хран­ли­ви ма­те­рии и за­тоа оваа бо­лест уште се на­ре­ку­ва и ти­вок уби­ец. Па­ци­ент со ви­сок кр­вен при­ти­сок би­о­ло­шки бр­зо ста­рее или се амор­ти­зи­ра.

 

Има ли по­себ­на гру­па па­ци­ен­ти што се скло­ни кон по­ја­ва на ви­сок кр­вен при­ти­сок? Да­ли на­чи­нот на жи­вот, ис­хра­на­та, ге­не­ти­ка­та мо­жат да вли­ја­ат на хи­пер­тен­зи­ја?

ШИКОЛЕ: По­во­зрас­ни­те се пре­дис­по­ни­ра­ни, ка­ко и цр­на­та рас­а и лу­ѓе­то со пре­ку­мер­на те­жи­на се во ри­зич­на гру­па. Пу­ше­ње­то, ал­ко­хо­лот, вне­су­ва­ње­то мрс­на и ви­со­ко­про­те­ин­ска хра­на, по­себ­но пр­же­на хра­на, сла­ба­та фи­зич­ка актив­ност се фа­кто­ри на ри­зик за по­ја­ва на хи­пер­тен­зи­ја. Пу­ше­ње­то ди­рект­но ги оште­ту­ва крв­ни­те са­до­ви, што е, исто та­ка, при­чи­на за по­ја­ва на хи­пер­тен­зи­ја.

 

Кол­ку е важ­но да се при­ма те­ра­пи­ја­та што ја пре­пи­шал ле­ка­рот за хи­пер­тен­зи­ја?

ШИКОЛЕ: Хи­пер­тен­зи­ја­та тре­ба да би­де под кон­тро­ла, без раз­ли­ка да­ли тоа ќе се сто­ри со ле­ко­ви или со не­ме­ди­ка­мен­то­зен трет­ман со цел да се за­тво­ри тој ма­ѓеп­сан круг. Ако се ра­бо­ти за лес­на хи­пер­тен­зи­ја, па­ци­ен­тот тре­ба да ги сог­ле­да гре­шки­те во на­чи­нот на жи­вот, да ја­де здра­ва хра­на, а тоа зна­чи мно­гу овош­је и зе­лен­чук, по­мал­ку ме­со, по­ве­ќе ри­ба, а на­чи­нот на го­тве­ње да би­де ва­ре­ње или пе­че­ње. Нај­че­сто упо­тре­бу­ва­ни ле­ко­ви се тие што вли­ја­ат на зго­ле­му­ва­ње на мо­кре­ње­то, од­нос­но зго­ле­му­ва­ње на ели­ми­на­ци­ја­та на сол­та, а со тоа и на во­да­та од ор­га­низ­мот. Та­ка ви­шо­кот на теч­ност во кр­вта се на­ма­лу­ва и на тој на­чин при­ти­со­кот се сма­лу­ва. По­сто­јат и ле­ко­ви што ги ши­рат крв­ни­те са­до­ви и го на­ма­лу­ва­ат крв­ни­от при­ти­сок. Овие ле­ко­ви мо­же да се ком­би­ни­ра­ат. Има­ат за цел да го нор­ма­ли­зи­ра­ат при­ти­со­кот и да го за­ба­ват про­це­сот на бр­за амор­ти­за­ци­ја на крв­ни­те са­до­ви и на ср­це­то. Ле­ко­ви­те тре­ба ре­дов­но да се пи­јат и при­ти­со­кот да се кон­тро­ли­ра, од­нос­но ме­ри. Цел­та на ле­ко­ви­те е да по­стиг­нат нор­ма­лен кр­вен при­ти­сок. Па­ци­ен­ти­те не тре­ба да се те­шат де­ка зе­ма­ат ле­ко­ви и при­ти­со­кот им е нор­ма­ли­зи­ран. Зна­чи мо­ра ре­дов­но да се про­ве­ру­ва да­ли е ре­гу­ли­ран.

dr sikole (Custom)

Да­ли ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок мо­же да би­де при­чи­на за по­ја­ва и на дру­ги бо­ле­сти или за­бо­лу­ва­ња?

ШИКОЛЕ: Аку­тен ми­о­кар­ден ин­фаркт, ср­це­ва сла­бост, хро­нич­на ср­це­ва сла­бост по­ра­ди пер­ма­нент­но оп­то­ва­ре­но ср­це, кое по ни­за го­ди­ни поч­ну­ва да по­пу­шта и да не мо­же да го опс­лу­жи ор­га­низ­мот. Стра­да мо­зо­кот, мо­же да се ја­ви и де­мен­ци­ја или да прс­не кр­вен сад во мо­зо­кот и да се по­ја­ви кр­ва­ве­ње, што е мно­гу се­ри­оз­но и смр­то­нос­но опас­на со­стој­ба за ор­га­низ­мот. По­ра­ди хи­пер­тен­зи­ја се ја­ву­ва­ат и стес­не­ти крв­ни са­до­ви, се на­ма­лу­ва ис­хра­на­та во крв­ни­те са­до­ви. Бу­бре­зи­те че­сто се цел на оште­ту­ва­ње, ка­ко и ви­дот. Мо­же да се зат­нат и крв­ни­те са­до­ви во но­зе­те. Се­во ова се се­ри­оз­ни комп­ли­ка­ции и се ја­ву­ва­ат по ни­за го­ди­ни не­ре­гу­ли­ран ви­сок кр­вен при­ти­сок.

 

Кои се ва­ши­те со­ве­ти за ли­ца­та што има­ат хи­пер­тен­зи­ја?

ШИКОЛЕ: Да се из­бег­ну­ва мрс­на хра­на и мно­гу сол. Не­со­ле­на хра­на зна­чи да не се до­да­ва сол во ве­ќе зго­тве­на­та хра­на. Си­те су­во­мес­ни про­из­во­ди, ка­ко и кон­зер­ви­ра­на­та хра­на има­ат до­да­ток на сол. Ме­ди­те­ран­ски­от на­чин на ис­хра­на, бо­гат со ка­ли­ум, во кој се из­бег­ну­ва на­три­умх­ло­рид, се пре­по­ра­чу­ва се­ка­де во све­тот. Се сме­та де­ка ме­ди­те­ран­ска­та ис­хра­на е ед­на од најз­дра­ви­те во све­тот и ние сме мно­гу бли­зу до неа. Ако па­ци­ен­тот има зго­ле­ме­на те­жи­на, да се на­те­ра да ос­лаб­не. Со сла­бе­е­ње­то, мо­же да му се ре­гу­ли­ра ви­со­ки­от кр­вен при­ти­сок. Фи­зич­ка­та актив­ност е не­оп­ход­на, 30 ми­ну­ти пе­ша­че­ње тре­ба да се сфа­ти ка­ко ра­бот­на об­вр­ска. Да се ели­ми­ни­ра пу­ше­ње. Ако со во­ве­ду­ва­ње на овие мер­ки при­ти­со­кот се нор­ма­ли­зи­ра, не се по­треб­ни ле­карс­тва. Во слу­чај да не по­мог­нат овие мер­ки, се по­сег­ну­ва по ле­ко­ви, кои има­ат раз­ли­чен ме­ха­ни­зам на дејс­тво.

Целото интервју може да го погледнете на РепубликаТВ.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top