| четврток, 6 декември 2018 |

Работилница за гитара со Влатко Стефановски во Крушево

Во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево од 24 до 26 јуни ќе се одржува работилница за гитара која ќе ја води врвниот гитарист Влатко Стефановски.

Курсот е бесплатен за сите што сакаат да научат повеќе за свирењето гитара.

Работилницата е проект од програмата на Владата на РМ и ќе ја организира продукцијата „Трето уво“. Во план е секоја година да се организираат музички работилници за различни видови инструменти под менторство на афирмирани музичари.

Пријавувањето за првата работи на Тоше да стане регионален центар за млади музичари од цела Југоисточна Европа, каде што долгорочно музички ќе се усовршуваат и едуцираат млади музичари.

– Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршен концерт кој ќе се одржи на платото пред Спомен-домот каде младите гитаристлница во Крушево почнува уште денеска и ќе трае еден месец. Заинтересираните може да пополнат апликација поставена на веб-страницата www.krusevoworkshop.mk, каде што се наведени и условите за учество. Нема ограничувања во однос на возраста, важен е нивниот ентузијазам и желбата да свират гитара. На сите кандидати ќе им се одговори дали се примени или не на работилницата.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција истакна дека работилниците ќе овозможат Спомен-домоти ќе имаат можност да настапат заедно со Влатко Стефановски. Сето она што ќе се случува на работилниците ќе биде регистрирано со најпрофесионална опрема, а од снимениот материјал ќе биде изработен и документарен филм, рече Канческа-Милевска.

Влатко Стефановски истакна дека идејата ја прифатил без да размислува затоа што ова му е прва покана во Македонија, по голем број одржани мастер-класи низ светот – во Лос Анџелес, Лондон, Париз, Ново Место во Словенија, Белград, Загреб… Задоволство му е и што тоа ќе биде Крушево со кое, како што рече, е емотивно и професионално врзан, зашто често го посетувал, а таму настанал и неговиот албум „Крушево“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top