| четврток, 6 декември 2018 |

Интелектуалци и земјоделци испратија остра осуда до Пендаровски и до Фрчкоски за навредите кон македонскиот народ

Од интелектуалци до земјоделци, сите со остра осуда до Стево Пендаровски и до Љубомир Фрчкоски за навредите упатени кон народот.

Stevo-Pendarovski-10

Од Федерацијата на фармери на Република Македонија изјавија дека целосно го осудуваат  таквиот чин на вербална навреда кон граѓаните.

frckoski

– Да ги споредиш нашите граѓани на Република Македонија без разлика дали се земјоделци, дали се од администрација или од било каде, кои присуствувале на собирот, а секој собир е демократски и секој има право да слушне, да види и да размислува каде да го даде својот глас, меѓутоа ти да ги споредуваш граѓаните со овци и со стока, тоа е нешто за нас непоимливо. А од друга страна од истите тие граѓани да бараш поддршка и утре да ти дадат глас за да дојдеш на власт -тоа е незамисливо. Уште полошо е што станува збор за двајца кандидати за претседатели на РМ, што значи Гопсод нека и е на помош на Македонија, ако некогаш во некое догледно време на историјата дојдат овие луѓе да ја водат Република Македонија, бидејќи се знае каде ќе ја одведат – во ќорсокак, истакна претседателот на Федерацијата на фармери, Никола Стаменов.

stamenov

аквите навреди кон граѓаните на Пендаровски и Фрчковски наиода на осуда и од нивните колеги – униврзитетските професори. Професорот Сашо Климовски рече дека за ваквите навреди и двајцата треба да се извинат на граѓаните.

-Во најмала мера се работи за недолични, непримерни изјави, особено изненадува фактот што тие изјави се дадени од универзитетски професори, за коишто важи етички кодекс, правила на политичка комуникација на ниво коешто понатаму се рефлектира на националното ниво во таа една политичка комуникација. Тие луѓе коишто ги даваат овие изјави треба да сфатат дека граѓаните се секогаш во право, дека власта и суверенитетот извира од страна на народот и дека народот во тој случај не треба да се навредува. Очигледно навредите се мотивирани од фактот што народот не им ја дава власта на нив двајцата, во двата циклуси на претседателски избори, и очигледно од таму произлегува тој мотив да се навредува народот, меѓутоа повторно ќе кажам треба да се сфати дека суверенитетот и валста секогаш извираат од граѓаните и најмалку што тие треба во овој момент да го сторат е што побрзо да се извинат на граѓаните. Стануваше збор за навреда на една огромна маса на луѓе, во чијашто структура имаше интелектуалци, имаше и администрација, пензионери, универзитетски професори, меѓу кои што бев и јас, истакна Климовски.

KLIMOVSKI500

Во текот на вчерашниот ден, навредите од двајцата поранешни кандидати на СДСМ за претседатели на Македонија, кои  изминативе денови удрија по народот со својот говор на омраза, ги осудија и Здружението на бранители „Бедем“, средношколците и студентите, Граѓанското движење за одбрана на Македонија, како и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Здружението на брани тели „Бедем“ ги осуди навредите кон учесниците на големиот народен собир кој се оддржа во понеделникот.

-Нивните зборови се навреда кон целиот македонски народ и навреда спрема бранителите кои се бореа за слободата и стабилноста на државата, а некои и ги дадоа своите животи за слободата. Бранителите не се „овци” како што не прикажа Пендаровски, ниту некој долна класа како што потценувачки и сркастично сакаже да ги престави Фрчковски, таму имаше горд македонски народ, бранители кои како секогаш се со својот народ и во функција на своја држава. Срамно е што и од нивните матични партии немаше ниту извинување ниту оградување. Тоа дополнително влијае за кревање на напнатоста и свесно и намерно создавање на раздор, велат во Бедем кои како здружение на бранители го поддржаа и присуствуваа на собирот.

Тие додааат дека бранителите го даваат и ризикуваат својот живот за оваа држава и никој, а најмалку ликови како Пендаровски и Фрчковски имаат право да го валкаат и потценуваат нивното дело.

На најмасовниот народен собир организиран од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа над 90.000 граѓани. Меѓу нив имаше граѓани од сите генерации. Средношколците и студентите кои беа мета на дрски навреди од Пендаровски и Фрчкоски со писмена реакција го осудуваат нивното омаловажување.

-Ние како студенска организација јавно го поддржавме овој собир на кој присуствуваа над 90 илјади луѓе. Навредите од типот на асоцијации како онаа Пендаровски дека народот бил овца, или некаква долна и мизерна класа каква што  сакаше да ја прикаже Фрчковски, се одлика на немање на демократски капацитет, тотлитарна матрица, и приказ за егоистичниот карактер на овие луѓе кои во желбата за власт упатуваат навреди кон сопствениот народ, велат студентите.

Тие потенцираат дека Фрчковски и Пендаровски го навредија народот, ги навредија студентите кои присуствуваа и дадоа поддршка, земјоделците, чесните работници, невработените, професорите, интелектуалците, доктори, и целиот народ кој присуствуваше на собирот. Порачуваат дека Пендаровски и Фрчковски треба да се повлечат од политиката, и се без никаков кредиблитет.

Средношколската унија на Македонија упатува остар протест поради навредите испратени кон граѓаните кои се собраа на 18 ти мај под мотото силна Македонија, а кој беа упатени од Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски.

-Средношколската унија на Македонија смета дека тоа е некоректен и недостоен начин на комуникација. Средношколците како рамноправни млади луѓе во оопштеството кои го поддржаа големиот и масовен граѓански собир не се овци како што мислеше и асоцираше Пендаровски ниту долна класа како што прикажуваше Фрчковски. Средншколците се млада и проактивна граѓанска сила која е динината на оваа држава. Ова се долни и приземни навреди од кој мора да се оградат и извинат. Тоа е навреда кон сите средношклци во државата, се вели во соопштението од средношколците.

Граѓанското движење за одбрана на Македонија кое беше дел од масовниот народен собир, преку политичкиот аналитичар Александар Пандов реагира за ваквиот однос кон македонските граѓани.

pandov134

– Тоа се луѓе-нелуѓе. Тој Пендаровски пред неполна година народот ни го нарекуваше стока односно неподдржувачите негови, за да сега се надмина самиот себеси па над 90.000 граѓани од секакви социјални категории, земјоделци, работници, доктори, адвокати, бранители, ги нарече овци. Само и само затоа што тој е длабоко исфрустриран, полн гнев и омраза кон секој еден  кој не мисли подеднакво исто како него, рече Пандов.

Дојчин Цветановски од Сојузот на синдикатите на Македонија исто така испрати осуда за навредите.

-Луѓе кои дадоа такви изјави, луѓе кои двајцата беа претседателски кандидати, во најмала рака беше за неверување, неприфатливо, срамно и веројатно за некоја дијагноза за која јас не сум стручен да кажам. Се чувствувам потиштен од аспект на тоа дека можат луѓе кои толку далеку достигнале во својата професија и на политички план, да дадат изјава која се граничи со здравиот ум и памет, вели Цветановски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top